ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗЕЊЕ ПРЕТВОРЕНО ВО ЧИСТА УМЕТНОСТ

ПОТПОЛНО НОВАТА MAZDA CX‑6e

до 484 km1

(За пакетот на опрема „Takumi“ – вредностите може да се разликуваат во зависност од пакетот на опрема)

до 241 KM зA 15 мин2

БРЗО ПОЛНЕЊЕ

D 190 kW

(258 KS)

ПОВЕЌЕ ОД ОБИЧЕН ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН

За оние што ја избираат посебноста наместо утврдените правила, целосно новата Mazda CX-6e се истакнува со елегантен, атлетски став и уметничко ниво на мајсторска изработка во секој детал. Во внатрешноста, промислено интегрираната технологија делува како да е чекор понапред, носејќи дополнителна удобност во секојдневието, додека сеопфатните безбедносни системи обезбедуваат сигурност. Подгответе се за динамично возење со досег до 484 км¹ и брзо полнење со еднонасочна струја (DC).

ОСМЕЛЕТЕ СЕ ДА БИДЕТЕ ПОИНАКВИ

Создадена за оние што ја избираат различноста наместо утврдените правила, целосно новата Mazda CX-6e го води нашиот дизајн Kodo: Душата на движењето во смел нов правец. Нејзината моќна конструкција со флуидни површини создава единствена рамнотежа помеѓу футуристичкото и емотивното. Обликувана да ја фаќа светлината, секоја линија оживува дури и во мирување, особено во нашата нова боја Nightfall Violet.

01 ОСМЕЛЕТЕ СЕ ДА БИДЕТЕ ПОИНАКВИ

Создадена за оние што ја избираат различноста наместо утврдените правила, целосно новата Mazda CX-6e го води нашиот дизајн Kodo: Душата на движењето во смел нов правец. Нејзината моќна конструкција со флуидни површини создава единствена рамнотежа помеѓу футуристичкото и емотивното. Обликувана да ја фаќа светлината, секоја линија оживува дури и во мирување, особено во нашата нова боја Nightfall Violet.

ОСМЕЛЕТЕ СЕ ДА БИДЕТЕ ПОИНАКВИ
ТЕХНОЛОГИЈА ШТО ВИ СЛУЖИ

Доживејте го ново дефинираниот паметен кокпит, место каде што се спојуваат интелигенцијата и елеганцијата. Големиот 26-инчен екран на допир со можност за поделба на приказот на два дела е совршено усогласен со големиот head-up екран. Препознавањето на глас и управувањето со гестови ги прават секојдневните задачи едноставни, додека аудиосистемот со 23 звучници го вклучува секое седиште во врвно звучно доживување.

02 ТЕХНОЛОГИЈА ШТО ВИ СЛУЖИ

Доживејте го ново дефинираниот паметен кокпит, место каде што се спојуваат интелигенцијата и елеганцијата. Големиот 26-инчен екран на допир со можност за поделба на приказот на два дела е совршено усогласен со големиот head-up екран. Препознавањето на глас и управувањето со гестови ги прават секојдневните задачи едноставни, додека аудиосистемот со 23 звучници го вклучува секое седиште во врвно звучно доживување.

ТЕХНОЛОГИЈА ШТО ВИ СЛУЖИ
МЕСТО КАДЕ ШТО ВОЗАЧОТ И АВТОМОБИЛОТ ВИСТИНСКИ СЕ ПОВРЗУВААТ

Нашиот целосно електричен SUV е создаден за да овозможи интимна врска помеѓу возачот и автомобилот, чувство кое го нарекуваме Jinba Ittai. Секоја патување е пријатно, смирено и беспрекорно во стилот на Mazda, комбинирајќи мазна и тивка изведба, прецизна реактивност и досег до 484 км¹.

03 МЕСТО КАДЕ ШТО ВОЗАЧОТ И АВТОМОБИЛОТ ВИСТИНСКИ СЕ ПОВРЗУВААТ

Нашиот целосно електричен SUV е создаден за да овозможи интимна врска помеѓу возачот и автомобилот, чувство кое го нарекуваме Jinba Ittai. Секоја патување е пријатно, смирено и беспрекорно во стилот на Mazda, комбинирајќи мазна и тивка изведба, прецизна реактивност и досег до 484 км¹.

МЕСТО КАДЕ ШТО ВОЗАЧОТ И АВТОМОБИЛОТ ВИСТИНСКИ СЕ ПОВРЗУВААТ

ПОТПОЛНО НОВА MAZDA CX‑6e

Моќен став, аеродинамични вентилациски отвори и тркала со голем дијаметар ѝ даваат на Mazda CX-6e динамичен изглед што се усогласува со нејзината модерна технологија. Во внатрешноста, јапонскиот концепт ја воведува убавината на „празниот прозорец“ за смирен и едноставен патнички простор кој ви помага да се чувствувате опуштено.

ОТСТАПЕТЕ ОД ПОЗНАТОТО

ПРОСТОРИ ШТО ЗРАЧАТ СО УДОБНОСТ

Бои кои ја одразуваат вашата личност

Од длабокиот сјај на бојата Soul Red Crystal до свежината на бојата Air Stream Blue, нашите металик бои со повеќе нијанси ја нагласуваат скулптуралната површина на целосно новата Mazda CX-6e – и ја прават вашата електрична Mazda навистина лична.

ФЛЕКСИБИЛЕН БАГАЖНИК

Со багажен простор од 468 литри, Mazda CX-6e со леснотија ги поднесува секојдневните товари. Преклопете ги задните седишта за да создадете до 1434 литри простор за поголеми предмети. Предниот багажник од 80 литри нуди практичен простор за кабли за полнење или помали торби, помагајќи го главниот багажен простор да остане уреден.

КАПАЦИТЕТ НА ВЛЕЧЕЊЕ

Со капацитет за влечење со кочници до 1500 кг и вертикално оптоварување од 75 кг, Mazda CX-6e е подготвена за авантура со дополнителна опрема. Можете да влечете компактна камп-куќичка, чамец или jet-ski, или да превезувате велосипеди на носачот за влечење.

КВАЛИТЕТ КОЈ МОЖЕТЕ ДА ГО ВИДИТЕ, ДОСЕТИТЕ И ОСЕТИТЕ

Во целосно новата Mazda CX-6e се користи комбинација на Maztex мек на допир со полумат детали во Titanium боја и висококвалитетни завршни елементи за да се постигне префинетост на патничкиот простор. Тој чист дизајн и внимателно доработените површини ја отсликуваат нашата посветеност на прецизна мајсторска изработка на секој детал.

СОЗДАДЕНА СПОРЕД ВАШАТА ЛИЧНОСТ

Нашите два богати пакети на опрема ви овозможуваат да го прилагодите доживувањето со избор на дигитални или традиционални ретровизори, тркала од алуминиум со дијаметар од 19" или 21", опции за боја на внатрешноста и уште многу други детали.

TAKUMI

Позната форма, свежа перспектива

  • Конвенционални ретровизори со стакло
  • Maztex5седишта во црна или топла беж боја
  • Тркала од алуминиум со дијаметар од 19"

TAKUMI PLUS

Пакет за комплетна технологија и удобност

  • Дигитални ретровизори
  • Двојно обоени5 седишта во комбинација на аметист и бела боја
  • Тркала од алуминиум со дијаметар од 21"
  • Греење и вентилација на задните седишта

ТЕХНОЛОГИЈА И ПОВРЗАНОСТ

Дизајнирана со возачот во центарот, Mazda CX-6e нуди технологија и практичност кои заедно создаваат чувство на усогласеност. Паметниот кокпит со 26-инчен екран на допир и head-up екран јасно ги прикажува клучните информации, додека опциите за управување со глас и гестикулации, безжично полнење и импресивен звук создаваат целосно поврзана околина за сите.

ГОЛЕМ 26-ИНЧЕН ЕКРАН НА ДОПИР
Прочитај повеќе

Паметниот кокпит доаѓа со 26-инчен екран на допир кој функционира како екран со поделен приказ. Возачот може да го задржи навигацискиот систем на Mazda на левата страна, додека патникот ја презема контролата над десната страна. Екранот со висока дефиниција 5K нуди прикажување на бои во кино-квалитет, со премаз против одсјај и рефлексии. Заедно со head-up екран, тој ја заменува традиционалната инструмент табла, создавајќи чист и елегантен изглед.
 
 

ДИГИТАЛНИ ИЛИ ТРАДИЦИОНАЛНИ РЕТРОВИЗОРИ?
Прочитај повеќе

Пакетот Takumi на целосно новата Mazda CX-6e вклучува традиционални ретровизори, додека пакетот Takumi Plus доаѓа со дигитални странични и внатрешен ретровизор. Тие го прошират видното поле, го подобруваат ноќното гледање и овозможуваат подобар преглед при возење наназад. Страничните камери отпорни на временски услови придонесуваат за модерен и привлечен изглед и го намалуваат отпорот на воздухот, додека дигиталниот ретровизор за задниот преглед овозможува видливост дури и кога багажниот простор е наполнет до таван.

ИМПРЕСИВЕН АУДИОСИСТЕМ СО 23 ЗВУЧНИЦИ
Прочитај повеќе

Врвниот аудиосистем од 1280 W нуди богат и чист звук на секое седиште преку 23 звучници. Звучниците во naslonите на предните седишта со Bluetooth®⁴ технологија овозможуваат персонализирано слушање, па возачот и совозачот можат да уживаат во својата омилена музика, додека задните патници остануваат во мир. Исто така, системот вклучува и надворешен звучник од 20 W за забава на отворено.

ВАШИОТ ТЕЛЕФОН Е КЛУЧ
Прочитај повеќе

Преку апликацијата Mazda CX-6e и Bluetooth®⁴, вашиот телефон може да го отклучи и да го стартува автомобилот. Физички клуч не е потребен. Безбедно споделувајте пристап дигитално со до три други возачи, одредете кога нивниот пристап започнува и завршува и можете да го поништите во секое време. Идеално за семејство, колеги или при споделување на возилото.

HEAD-UP ДИСПЛЕЈ

Големиот head-up екран до 50" проектира клучни информации и упатства за возење на патот пред вас. Вие имате контрола над тоа што се прикажува, на пример ограничувања на брзината или детали кои обично се наоѓаат на инструмент таблата..

УПРАВУВАЊЕ СО ГЕСТИКУЛАЦИИ

За да биде доживувањето на возењето што поедноставно, управувањето со гестикулации ви овозможува да извршувате одредени функции без да го допирате копчето. Со еден едноставен потег на раката можете да изберете претходно зачувани рути или да пуштите омилена музика.

ГЛАСОВНА КОНТРОЛА

Гласовното препознавање на девет јазици ви овозможува да возите без пречки. Со природни гласовни команди можете да ја прилагодите температурата, да го отворите прозорецот или да се упатите до следната дестинација.

AПЛИКАЦИЈА MAZDA CX‑6e

Апликацијата Mazda CX-6e за Apple³ и Android ве поврзува со автомобилот преку функции за далечинско управување, како што се контрола на климата, управување со полнењето и споделување на Bluetooth®⁴ клуч, правејќи го секојдневното користење едноставно и практично.
 
 

ДОЖИВУВАЊЕ НА ВОЗЕЊЕТО

Откријте електрично возење кое е интуитивно, безбедно и забавно. Целосно новата Mazda CX-6e нуди одзивно доживување во тивок патнички простор. Управувањето е прецизно и природно, со мазно линеарно забрзување и сигурно кочење. Подредбата на седиштата на возачот и контролите е подобрена за опуштена положба на телото, така што секогаш ќе се чувствувате поврзани со вашиот автомобил.

СИГУРНОСТ И ПОМОШ ЗА ВОЗАЧОТ – КОНТРОЛА НА КОЈА МОЖЕТЕ ДА СЕ ПОТОПРИТЕ

Безбедност е предуслов за забавно возење. Во целосно новата Mazda CX-6e, напредните системи за поддршка на возачот (ADAS) обезбедуваат активна помош за ваша заштита. Во неочекувани ситуации можете да се потпрете на севкупна заштита преку девет воздушни перничиња, високоотпорен челичен заштитен кафез и безбедно поставена батерија.
 
 

СИСТЕМ ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРИ СУДАР ОД ЗАДНА СТРАНА (RCW)
Прочитај повеќе

Системот за предупредување при судар од задната страна (RCW) ги следи возилата зад целосно новата Mazda CX-6e и ве предупредува за потенцијален судар од задната страна, давајќи ви време за реакција. Во комбинација со предупредувањето за сообраќај од страната позади (RCTA), ве известува за возила кои се приближуваат од било која страна додека возите наназад. Ако ризикот се зголеми, интелигентната помош при кочење (SBS) ја активира кочницата.
 
 

ИНТЕЛИГЕНТНА ПОМОШ ПРИ КОЧЕЊЕ (SBS)
Прочитај повеќе

Ако нешто неочекувано негативно влијае на вашата способност за брза реакција, интелигентната помош при кочење (SBS) во целосно новата Mazda CX-6e е тука за вас. M-пикселните камери, радарот со милиметарски бранови и ултразвучниот радар непрекинато ги следат потенцијалните опасности за време на возењето. Доколку сударот не може да се избегне, SBS автоматски го активира кочењето за да ги ублажи последиците од ударот.

СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ОДРЖУВАЊЕ ВО ЛЕНТА (LAS)
Прочитај повеќе

Системот за помош при одржување во лента (LAS) е идеален за возење на автопат, бидејќи ви помага да останете во средината на лентата. Доколку детектира излегување од лентата, нежно интервенира при управувањето за да ве насочи назад кон средината, намалувајќи го заморот и помагајќи ви да го задржите правецот.

СИСТЕМ ЗА АВТОМАТСКО ОДРЖУВАЊЕ ВО ЛЕНТА ВО ИТНИ СИТУАЦИИ (ELK)
Прочитај повеќе

Во критични моменти, системот за итно одржување во лента (ELK) ви помага да избегнете потенцијални судари ако вашето возило се подготвува да ја напушти лентата. Тој работи заедно со системот за помош при одржување во лента (LAS), помошта за мртов агол и предупредувањето за пречка пред возилото (FOW), овозможувајќи целна поддршка за задржување на правецот со целосно новата Mazda CX-6e.

МОНИТОР СО ПАНОРАМСКИ ПРИКАЗ 360
Прочитај повеќе

Паркирањето на целосно новата Mazda CX-6e е многу лесно благодарение на мониторот со прикажување на околината 360°, вклучувајќи преглед низ возилото и монитор за страничен поглед. Овие технологии заедно овозможуваат „птичја перспектива“ и јасен преглед на страните, што ви помага да ги откриете пречките во близина и полесно да ја процените дистанцата при маневрирање во тесни простори.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗЕЊЕ

Како што се шири европската мрежа, полнењето на електрично возило станува едноставна споредна задача додека ги извршувате другите обврски. Електричните возила имаат помалку подвижни делови, што ги намалува трошоците за одржување, а секое возење го извршувате со нулта стапка на емисии. Животот со електрична Mazda значи удобност и практичност, а не откажување.

Дознајте повеќе
СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО

Целосно новата Mazda CX-6e е паметен избор за возниот парк на компаниите, со конкурентни цени, ниски трошоци за одржување и нулта стапка на емисии од издувните цевки. Со досег до 484 km¹ според WLTP и брзо полнење до 241 km за само 15 минути². Системот за помош на возачот, можноста за споделување на Bluetooth®⁴ клуч и напредните технологии обезбедуваат задоволни возачи и ефикасна употреба на возилото.

Дознајте повеќе
НАЛЕПНИЦА СО ИНФОРМАЦИИ ЗА ГУМИТЕ

Налепницата со информации за гумите ви помага да донесете подобро информирани, економични и еколошки одлуки. Дознајте повеќе за достапните гуми за секој модел на Mazda и нивните критериуми за квалитет.

Otkrijte više

ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАКТ СО MAZDA CX‑6e

Прикажаните возила можеби не одговараат на моделите наменети за македонскиот пазар. Прикажаните бои и одредени елементи од внатрешната и надворешната опрема можат да се разликуваат од вистинскиот модел, а возилата можат да бидат опремени со опционална или дополнителна опрема за која се наплаќа дополнително.

Сите прикажани цени се не обврзувачко препорачани цени од „СТАР МОТОРС“ ДООЕЛ Скопје со вклучен ДДВ (18%) и Посебен данок на моторни возила за модел без опции. Поради комплексноста на пресметката на Посебниот данок на моторни возила, можни се одредени отстапувања, па точната цена на конкретниот модел побарајте ја од овластениот Mazda партнер.
 
 

Досегот е определен во согласност со WLTP (Светски усогласена процедура за тестирање на лесни возила) за пакетот на опрема „Takumi“. Вистинските вредности на досегот може да се разликуваат во зависност од опремата, класата и индивидуалните фактори. Вистинскиот досег постигнат во реални услови варира во зависност од стилот на возење, брзината, користењето на функции за удобност (на пр. греење на седиштата, клима уред), дополнителната опрема, надворешната температура, бројот на патници/товар, топографијата, како и процесот на стареење и трошење на батеријата.
 

Времето на полнење од 15 минути се засновува на батерија/околна температура од 25 °C (+/-2°C), користејќи брз полнач со истосмерна струја од 165 kW и со почетен степен на полнење од 30 %. Вистинското време на полнење зависи од различни услови во моментот на полнење, како што се типот на станицата за брзо полнење, состојбата на батеријата, навиките за полнење, батеријата и околната температура. Во ладни услови, и батеријата и околната температура влијаат на потребното време за полнење, што може да доведе до значително продолжување на времето за полнење во одредени ситуации.

3

Apple CarPlay® и Android Auto™ се регистрирани заштитни знаци во САД и во други земји. Apple, логото на Apple, Apple CarPlay®, Apple Watch, App Store и iPad се регистрирани заштитни знаци на компанијата Apple Inc.

⁴ Логата и жигот Bluetooth® се регистрирани заштитни знаци на компанијата Bluetooth SIG, Inc.

⁵ Веганската алтернатива на кожа на Mazda: издржлива, лесна за чистење и дизајнирана за удобност.