ПОМОШ НА ПАТОТ MES

СО МАЗДА ОСТАНУВАТЕ МОБИЛНИ. СЕКОГАШ И СЕКАДЕ.

Дефект, несреќа, кражба - сето тоа е спротивно на задоволството во возењето. Но, дури и тогаш - а особено тогаш - ние сме тука за вас. Сервисот Mazda Europe (MES) ја обезбедува вашата мобилност во повеќе од 30 европски земји.

Со набавка на возило Mazda или со редовна услуга (според планот за одржување на Mazda) од овластен партнер на Mazda, имате право на бесплатни услуги на Mazda Europe Service (MES) во наредните 12 месеци.

МОБИЛНИ И ВО СТРАНСТВО

Не оди сè според планот. Дури и ако вашето патување е прекинато во случај на дефект или некоја друга несреќа, ние сме тука за вас. Сервисот Mazda Europe (MES) ја обезбедува вашата мобилност во повеќе од 30 европски земји со брза и сеопфатна помош.

ПРОНАЈДЕТЕ ГО MAZDA ПАРТНЕРОТ

УСЛУГИ ОПФАТЕНИ СО MAZDA ЕUROPE SERVISE

Може да се потпрете на нашата брза помош на лице место, без разлика дали ви треба помош во случај на дефект или влечење за вашето возило. Ние ќе ви обезбедиме понатамошно патување, а доколку е потребно и сместување, набавка на потребни резервни делови и враќање на возилото.

 

Прочитајте повеќе во упатството во –PDF документ.

КАКО ДА ГО ОСТВАРИТЕ ПРАВОТО ЗА MAZDA ЕUROPE SERVISE (МES)

Услугата Mazda Europe  Service за вашето ново возило (2) важи 12 месеци (3). На секој нареден редовен сервис според планот за одржување на Mazda во овластен сервис на Mazda, ќе ја обезбедите Mazda Europe Service за следните 12 месеци (3). Доколку редовно го сервисирате вашето возило, услугата МЕS ќе важи цели 10 години - без дополнителни трошоци.

КАКО ДА ГО КОНТАКТИРАТЕ MAZDA EUROPE SERVICE

Во случај на несреќа, пријавете го вашиот проблем само во Центарот за повици на услугата Mazda Europe Service на бројот подолу. Доколку сакате повеќе информации за условите за гаранција и услугите Маzda Europe Service (MES), можете да контактирате со вашиот партнер на Mazda.

ОД МАКЕДОНИЈА

ОД СТРАНСТВО (со плаќање)

1Се применуваат соодветни услови за услугата.

 

2Почнува со датумот на испорака на возилото.

 

3Или максимум 20 000 км, во зависност од распоредот за одржување на возилото. Во зависност од тоа што прво ќе се оствари.